Најдоброто допрва доаѓа

#дејанзаприлеп

Дејан Проданоски

Јас сум Дејан Проданоски, роден на 14.04.1981 година во Прилеп. Основното и средното образование ги завршив во родниот град, а потоа дипломирав сообраќаен инженер на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Технички факултет. Работното искуство го започнав во Државниот архив – Прилеп, каде што од 2012 до 2017 година ја извршував функцијата Раководител на Одделението. Во 2024 година станав пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно активно учествував во општествениот живот на локално ниво – бев претседател на пописната комисија за попис на населението (2011), член на Советот на општина Прилеп (2017–2021), како и претседател на Советот на општина Прилеп (2021–2024). Низ годините сум стекнал значајно искуство во институциите, со што придонесувам во развојот на заедницата и општеството.

#дејанзаприлеп

Образование

Стекнав солидна образовна основа и стручни квалификации кои ми овозможија развој на професионалните вештини и подготвеност за предизвиците во кариерата.

1988 - 1996

ООУ ,, Кире Гаврилоски – Јане”

Основно образование

1996 - 2000

СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев”

Средно образование

2000 - 2006

Универзитетот ,,Св.Климент Охридски” Битола

Дипломиран сообраќаен инженер

#дејанзаприлеп

Политичка кариера

Потпретседател на УМС на МК Ѓогдере.
Технички секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
Претседател на Комисијата за урбанизам на ОК ВМРО ДПМНЕ
Потпретседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп
Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп