Биографија
Јас сум Дејан Проданоски, роден на 14.04.1981 година во Прилеп, Република Македонија. Основното образование го завршив во ООУ ,, Кире Гаврилоски – Јане”, додека средното обрзование го завршив во СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев” Прилеп. Продолжив со моето образование на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски” Битола, на техничкиот факултет Битола на насока патен сообраќај. Во 2006 година се стекнав со звањето дипломиран сообраќаен инженер. Работното искуство го започнав во 2008 година во Државен архив на Република Македонија- одделение Прилеп. Преку стекнатото искуство низ годините во периодот од 2012-2017 година како Раководител го водев одделението на Државен Архив на Македонија во Прилеп. Во 2024 година мојот работен ангажман го продолжив во Собранието на Република Македонија како пратеник од редовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во текот низ годините сум учествувал во повеќе опшествени активности кои придонеле за мој личен развој. Во 2011 година бев Претседател на пописната комсија за попис на населението. Во перодот од 2017-2021 година бев член на Советот на општина Прилеп. Стекнато искуство од тој период успеав да го пренесам како Претседател на Советот на општина Прилеп во перидот од 2021-2024 година. Покрај професионалните искуства и опшествените активности, сум ги поминал и сите скалила на политичка активност во ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, па така во 2005 година бев Потпретседател на УМС на МК Ѓогдере. Од 2006-2008 година бев технички секретар на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Како Претседател на Комисијата за урбанизам на ОК ВМРО ДПМНЕ ја водев комисијата во периодот од 2010-2013 година. Од 2018-2020 година бев Потпретседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Во 2020 година ја добив довербата и бев избран за Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп. Секогаш сум посветен на личен развој па затоа освен македонски јазик исто така зборувам англиски јазик, германски јазик и грчки јазик. Поседувам технички способности како што е познавање и користење на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint), користење на интернет алатки. Живеењето и работењето со други луѓе ми овозможиле да се истакнам како доминантен, амбициозен и толерантен човек. Комуникациските вештини ми овозможуваат да бидам способен за тимска работа, ги прифаќам размислувањата на другите, ги воочувам разликите и балансирам. Упорноста и одлучноста ја карактеризираат мојата личност. При тоа умеам да ги координирам и организирам работните групи и да пренесам позитивна енергија пред другите. Верувам дека мојата лојалност и креативност кон работата нуди можност за раст и надградување. Слободното време го посветувам на патувања кои ми помагаат мојата креативност кон работата да се зголемува.
Контакт форма