Во текот на денешниот ден, заедно со пратеникот Петар Ристески, остваривме средба со раководството и вработените во Микросам АД Прилеп, компанија која е вистински пример за успешна приказна од нашиот град.

Разговаравме за предизвиците со кои се соочува стопанството, за можностите што локалната самоуправа може да ги отвори кон подобра деловна клима, но и за потенцијалот на Микросам како светски препознаен бренд во својата индустрија.

Успесите на оваа компанија се резултат на знаењето, трудољубивоста и иновативноста на прилепчани. Токму тоа е доказ дека нашиот град има огромен капацитет за развој и модернизација.

Мојата цел е да изградиме средина каде ќе се цени трудот и работата на компаниите, затоа што секое ново работно место и секоја инвестиција значи подобар живот за сите наши сограѓани.

Прилеп има потенцијал да биде економско срце на регионот и во соработка со компании како Микросам, тоа ќе го направиме реалност.

#ТвојотЧовек

#ТвоетоМесто

#ЗаТвојатаИднина

#ВистинскиотИзбор