Месец: м.г

Започнуваме со прилепскиот карневал „Прочка 2026“!

Со изложбата на рачно изработени маски од учениците од основните и средните училишта во Прилеп која беше поставена во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ денес започнавме со активностите за карнеавлот „Прочка“. Над 300 традиционални и модерни маски беа дел од оваа прекрасна изложба, со која ја одбележуваме 25-годишнината од карневалот „Прочка“ и 100 години […]

Read more

Средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска

Остварив значајна и конструктивна работна средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници од министерството и државни советници за рударство. Разговаравме отворено за актуелните состојби и предизвиците во енергетскиот и рударскиот сектор, но и за можностите што ги има нашиот регион. За мене, клучната порака е дека Прилеп мора […]

Read more

Имав особена чест денеска лично да го запознаам нашиот шампион во карате, прилепското момче Матеј Белистојаноски

Имав особена чест денеска лично да го запознаам нашиот шампион во карате, прилепското момче Матеј Белистојаноски, кој на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, освои златен медал и стана европски шампион во категоријата У-21 до 67 килограми. Во силна конкуренција од 1.276 натпреварувачи од 47 држави, со шест борби […]

Read more

100 дена посветена работа за Прилеп!

Зад нас се првите 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Општина Прилеп, период исполнет со интензивна работа, храбри одлуки и конкретни резултати. На настанот посветен на првите сто дена од нашата локална самоуправа, имав можност лично да ја презентирам сработената работа, реализираните проекти и приоритетите што нè очекуваат во наредниот период. Сето тоа […]

Read more

100 дена исполнети со посветена и системска работа

Почитувани сограѓани, Зад нас се првите 100 дена, исполнети со посветена и системска работа. За почеток донесовме поголем и развоен буџет, започнавме инфраструктурни проекти, вложивме во образованието, спортот, животната средина, социјалната поддршка и културниот развој, поставувајќи темели за вистинска трансформација на нашиот град. Свесен сум дека довербата се гради со резултати. Токму затоа работиме одговорно, […]

Read more

Реконструкција и партерно уредување на дел од јавна површина од 2.100 м²

Започнуваме со реконструкција и партерно уредување на дел од јавна површина од 2.100 м² – последниот неуреден простор од плоштадот Методија Андонов – Ченто, како и поставување нова урбана опрема. Средствата во висина од 16.356.730 денари се обезбедени преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата на Република Македонија. Со повеќе од […]

Read more

Ѓоко Јочкоски е именуван за нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп

Дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство во ова јавно претпријатие, што претставува цврста основа за одговорно и посветено раководење во интерес на граѓаните. Очекуваме нови позитивни промени и одлично функционирање на претпријатието како ефикасен сервис за сите прилепчани. Воедно, изразувам благодарност до досегашното раководство за вложениот труд, посветеност и придонес во работењето на претпријатието.

Read more

Денес имав прилика да бидам почесен гостин на Управниот одбор на MATTO

Денес имав прилика да бидам почесен гостин на Управниот одбор на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), при што остварив конструктивна работна средба со претставници на сериозни компании, каде што разговаравме за продлабочување на економската соработка преку можностите што ги нуди општина Прилеп. На средбата ги претставив потенцијалите на општината како стабилна и подготвена деловна средина, […]

Read more

Карневал „Прочка“ – Прилеп

Прилеп повторно ќе биде во центарот на европските карневалски случувања! Од 20 до 23 февруари, нашиот Прилеп ќе ја живее карневалската магија на „Прочка 2026“, година во која одбележуваме два значајни јубилеи – 25 години организиран прилепски карневал и 100 години од традиционалната заштитена маска „Прилепски мечкари“, препознатлива и наградувана ширум Европа и светот, а […]

Read more

Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов

Во храмот „Св. Благовештение“ присуствував на Божествената Литургија по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, меѓу народот познат и како Ден на бакалите. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во сослужение со Епископот Хераклејски г. Климент и Епископот Велички г. Никола. […]

Read more