Пчеларите и медарите се луѓето кои со својата посветеност го чуваат најчистиот дел од природата.

Разговаравме за нивните предизвици, но и за огромното значење што го има нивната работа за здравјето, екологијата и локалната економија.

Во Прилеп традиционално се одржува Фестивалот на медот, настан кој ги обединува пчеларите и ја промовира вредноста на нивната работа. Како локална самоуправа, ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа манифестација, да создадеме подобри услови за пчеларите и да го поттикнуваме производството на здрави и квалитетни локални производи.

Пчелата е симбол на труд, ред и заедништво. Тие се вредностите што треба сите да ги негуваме во нашиот град.

www.dejanprodanoski.mk

#ТвојотЧовек

#ТвоетоМесто

#ЗаТвојатаИднина

#ВистинскиотИзбор