Докторите и здравствените работници претставуваат едни од најважните чинители на нашето општество. Нивната улога е од суштинско значење за зачувување на здравјето и благосостојбата на граѓаните.
Здравството мора да биде на високо ниво, затоа што само со квалитетна здравствена заштита можеме да обезбедиме сигурна и здрава иднина за сите.
На денешната средба разговаравме за нивната благородна професија, за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно, како и за нивните предлози, идеи и сугестии со цел подобрување на здравствениот систем. Нивната посветеност и хуманост се пример за сите нас.