Остварив средба со претставници на прилепските градежни компании, луѓето кои секојдневно го обликуваат ликот и развојот на нашиот град. Разговаравме отворено за состојбите во градежниот сектор и за можностите како заедно да создадеме поефикасна, транспарентна и фер градежна политика.
Градежниците се двигатели на секој развој. Тие се партнерите со кои Прилеп ќе продолжи да се гради, со уредна инфраструктура, современи населби и подобри услови за живот на сите генерации.
Верувам дека со вистинска соработка помеѓу локалната самоуправа и градежниот сектор, Прилеп ќе се развива со темпо што ќе го задржи секој млад човек овде, дома.
Заедно, ќе го градиме новиот Прилеп, град по мерка на сите граѓани. Тоа е вистинскиот избор!



