Денес, по повод големиот државен празник 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, положивме свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, како и на Могилата на непобедените.

Со овој чин им оддаваме почит на хероите кои ја започнаа борбата за слобода и независност и ја втемелија нашата државност.

Нивната жртва и идеалите за слободна и достоинствена Македонија ќе останат трајно врежани во нашето сеќавање.

Слава им и честит 11 Октомври!

Да живее Република Македонија!