За мене беше искрено задоволство што денес имав прилика да се сретнам и поразговарам со претставници на Здружението „Мобилност“ – за лица со телесен инвалидитет и со Здружението на инвалидски пензионери.
Разговорот беше конструктивен, споделивме идеи и предлози како да се подобри пристапноста и поддршката за овие наши сограѓани од страна на локалната самоуправа.
Секогаш е важно да ги слушнеме оние кои секојдневно се соочуваат со предизвици, затоа што токму преку вакви средби учиме како да создадеме поинклузивна и похумана заедница.








