Богојавление – Водици го симболизира светото крштевање, духовното раѓање, верата и прочистувањето, вредности што со векови се пренесуваат од поколение на поколение.

Почитувајќи ја традицијата, над 400 верници учествуваа во фрлањето на светиот крст во 20 населени места на територијата на Општина Прилеп.

Честитки до 17-годишниот Јордан Ангелески, кој денес го извади светиот крст во Прилеп, на денот кога се слави и името Јордан.

На сите граѓани им посакувам здравје, мир и Божји благослов.