Во насока на унапредување на работењето и ефикасно управување со јавните институции, донесовме одлука за кадровска промена во ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ – Прилеп и во ЈП за ПУП – Прилеп.
За директорка на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп е именувана Билјана Петкоска, дипломиран воспитувач, со повеќе од 20 години работно искуство во предучилишното образование.
За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, во чиј состав функционираат и јавниот градски превоз и паркинг-просторот во нашата општина, е именуван Игор Неделкоски, дипломиран сообраќаен инженер со 16 годишно работно искуство во приватниот сектор.
Воедно, сакам јавно да им се заблагодарам на досегашните раководители за нивниот труд, посветеност и придонес во работењето на овие институции.
Овие кадровски промени се направени со цел продолжување на професионалниот пристап, јакнење на стручноста, стабилно и транспарентно работење, како и градење поголема доверба кај граѓаните.
Убеден сум дека новите менаџерски тимови ќе придонесат кон позитивни и здрави промени, во интерес на институциите и на сите прилепчани.

