Разговаравме за развојните капацитети на Општина Прилеп, за индустриските капацитети на општината, состојбите во прилепското стопанството, како и за потенцијалите за унапредување на досегашната соработка и можностите за нови инвестиции и обострана економска соработка и поголема трговска размена.
На средбата беше присутен и Сашо Наумоски, генерален директор на компанијата „Витаминка“, како активна членка на МАТТО и една од нашите најголеми реномирани компании во прехрамбената индустрија, која годинава одбележува 70 години од своето постоење.
Во фокусот на средбата се разговараше и за можностите за соработка во областа на образованието, културата и туризмот, имајќи предвид дека Прилеп располага со значаен културно-историски и туристички потенцијал, кој може да биде привлечен за домашните и странските гости, вклучително и за посетителите од нашата пријателска Република Турција.
Како општина, заедно со турската заедница која живее во општина Прилеп имаме многу што да понудиме и уште повеќе да ја продлабочиме и унапредиме соработката со Република Турција, на економски, културен и билатерален план.







