Денот го започнав со средба со пензионерите од Прилеп, со кои имавме искрена дискусија за нивните потреби и предизвици. Пензионерите се значаен дел од нашето општество и заслужуваат поголемо внимание и почит.

Здружението брои над 12.000 членови и е едно од најголемите во Македонија. Дел од нивните барања веќе се предвидени во нашата изборна програма, што значи дека наскоро ќе следат конкретни решенија.

Разговаравме и за поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 5000 денари линеарно зголемување на пензиите во првата година, како и идните мерки за поголема социјална сигурност и подобри услуги.

Ми беше драго лично да ги слушнам нивните мислења и предлози, бидејќи тие се основа за вистински политики. Ќе продолжиме да работиме за пензионерите да се чувствуваат вреднувани, сигурни и поддржани!