Денес имав прилика да се обратам пред присутните претставници од Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп и да презентирам дел од нашата предизборна програма што ги опфаќа економските теми и сѐ она што ги засега нашите стопанственици!
Со претставниците на комората разговаравме за актуелните состојби во стопанството, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат бизнисите, но и за можностите за подобрување на економската клима во градот и регионот.
Сакам да изразам благодарност за поканата и можноста да се обратам пред членовите на Регионалната комора во Прилеп.
Нашата цел е заеднички да градиме економски посилен Прилеп, со повеќе инвестиции, нови работни места и подобри услови за стопанствениците.




