Имав чест да се сретнам со членките од здруженијата Орхидеја и Преродба во Прилеп, жени со големо срце, но и со богато искуство кое е непроценливо за нашата заедница.
Тие ни покажуваат дека возраста не е пречка, туку предност. Нивната мудрост, животни приказни и долгогодишна посветеност се патоказ за младите генерации и потсетник дека секој чекор направен со љубов и одговорност носи трајна вредност.
Преку нивната енергија и визија гледаме дека искуството и младоста не се спротивности, напротив тие се сојузници кои заедно градат посилна иднина.
Горд сум што имаме вакви здруженија во Прилеп и убеден сум дека нивниот придонес ќе биде темел за подобро утре.