Денес, саботно, заедно со министерот Панче Тошковски, прошетавме низ прилепскиот пазар и центарот на градот, меѓу моите сограѓани, меѓу прилепчани.
Ги поздравивме вредните пазарџии, луѓето кои секое утро го будат градот со свежи производи, насмевки и труд. Тие се вистинскиот дух на Прилеп, пример за чесна работа, посветеност и упорност.
Стиснавме многу раце, слушнавме искрени зборови, убави идеи и предлози, како после 19 октомври, заедно, ќе го направиме Прилеп уште подобро место за живеење.
Саботното кафе го испивме со претставници од кинолошките друштва, луѓе со голема љубов и посветеност кон своите миленици. Ќе продолжиме да ги поддржуваме, за Прилеп да биде одличен домаќин на следните интернационални изложби на кучиња.