Прекрасна средба и разговор со луѓето кои секојдневно го одржуваат духот на нашата стара прилепска чаршија, дуќанџиите, угостителите, златарите и сите трговци кои со својата работа и посветеност го чуваат идентитетот и традицијата на нашиот Прилеп.

Тие се вистинското срце на градот, луѓето кои со труд, чесност и упорност ја одржуваат живата слика на чаршијата, местото кое ги спојува сите генерации и секој посетител го потсетува што значи градот под Марковите кули.

Нашата визија е чаршијата повторно да стане гордост на градот, со поддршка за малите бизниси, подобрена инфраструктура, чиста и безбедна околина, и враќање на животот и движењето во центарот на градот.

Ќе продолжиме да бидеме со народот, меѓу народот, со искрени разговори и конкретни решенија за Прилеп.

www.dejanprodanoski.mk

#ТвојотЧовек

#ТвоетоМесто

#ЗаТвојатаИднина

#ВистинскиотИзбор