Остварив конструктивна средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен акцент на прекуграничната соработка.

Општина Прилеп останува отворена за размена на идеи, искуства и добри практики, како и за иницирање конкретни активности што ќе придонесат за локалниот развој и унапредување на услугите за граѓаните.

Разговаравме и за значењето на соработката на локално ниво и за заедничките проекти кои можат да донесат реални придобивки за граѓаните во двете земји.

Ваквите средби се важен чекор кон градење стабилни партнерства, нови можности и позитивни резултати за нашата општина.