Одлична дружба и искрен разговор со младите од Прилеп!
Во пријатна и опуштена атмосфера без формалности, разговаравме за животот, предизвиците, грешките од кои учиме и соништата што нè туркаат напред. Ми беше особено драго што младите беа искрени, љубопитни и храбри да поставуваат прашања и да ги споделат своите размислувања.
Верувам дека ваквите средби се најдобар начин да се приближиме едни до други, не како функции и титули, туку како луѓе. Младите се силата и иднината на нашиот град, а локалната самоуправа останува силен партнер и поддржувач на нивниот развој, иницијативите и ангажманот во општина Прилеп.
Благодарност до Коалицијата на младински организации СЕГА и СОС Детско село Македонија за поканата и организацијата, како и до сите млади кои го направија разговорот искрен и инспиративен.









