Успешни компании со визија и сериозен менаџмент, се темелот за развојот на Прилеп. Компанијата „Комфи Ангел“ е еден од тие примери што ни покажува дека кога постои јасна стратегија, труд и посветеност, резултатите се видливи и трајни.
Нашата програма за развој на локалната економија и бизнис заедницата е насочена токму кон создавање услови за вакви успеси. Заедно со стопанството ќе го движиме Прилеп напред, ќе отвараме нови можности и ќе градиме град во кој младите ќе ја гледаат својата иднина.
Верувам дека само преку партнерство со бизнис заедницата ќе обезбедиме стабилен економски развој и подобар живот за сите.
За развоен Прилеп.


