Оваа градинка нема да биде само објект. Таа ќе биде порака дека ќе продолжиме да го градиме Прилеп со визија и со одговорност кон идните генерации!
На површина од над 2.000 квадратни метри и со капацитет за 200 деца, ќе изградиме модерен, енергетски ефикасен и целосно пристапен објект, со безбедна и топла средина за игра, учење и растење.