По 10 години, Градскиот дувачки оркестар повторно е во функција.
Со млади, професионални и талентирани музичари од нашиот град,
кои продолжуваат традиција подолга од еден век, градена со генерации.
Кога младите музичари свират за својот град со гордост,
наша должност е да бидеме дел од таа приказна.
Нашата поддршка е сигурна, затоа што културата е темелот врз кој ја градиме иднината!