Година: Г

Во Прилеп денеска го одбележавме Меѓународниот ден на побезбеден интернет

Во Прилеп денеска го одбележавме Меѓународниот ден на побезбеден интернет, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на настанот кој што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Преку проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, на учениците, родителите и наставниците им се доближуваат конкретни алатки и насоки за безбедно користење […]

Read more

Подрумот на Центарот за култура „Марко Цепенков“, кој со години беше користен како паркинг простор, повторно го враќаме во функција!

Во заедничка координација со јавните претпријатија, просторот е целосно расчистен од хаварисани возила, смет и отпад и комплетно ќе го средиме и ставиме во функција. Со оваа акција се враќаат редот, хигиената и достоинството на институцијата, а градот добива уредена и функционална инфраструктура. Создаваме подобри услови за работа и рационално, наменско користење на просторот, во […]

Read more

На кафе со градоначалникот

Одлична дружба и искрен разговор со младите од Прилеп! Во пријатна и опуштена атмосфера без формалности, разговаравме за животот, предизвиците, грешките од кои учиме и соништата што нè туркаат напред. Ми беше особено драго што младите беа искрени, љубопитни и храбри да поставуваат прашања и да ги споделат своите размислувања. Верувам дека ваквите средби се […]

Read more

Именуван е нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

На оваа позиција е назначен Љубиша Јованоски, дипломиран економист, со јасна цел за внесување позитивни промени, унапредување на ефикасноста во работењето и подобрување на услугите кон граѓаните. Очекуваме одговорно, транспарентно и посветено управување во интерес на сите прилепчани.

Read more

Го враќаме звукот што недостасуваше!

По 10 години, Градскиот дувачки оркестар повторно е во функција. Со млади, професионални и талентирани музичари од нашиот град, кои продолжуваат традиција подолга од еден век, градена со генерации. Кога младите музичари свират за својот град со гордост, наша должност е да бидеме дел од таа приказна. Нашата поддршка е сигурна, затоа што културата е […]

Read more

Остварив конструктивна средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти

Остварив конструктивна средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен акцент на прекуграничната соработка. Општина Прилеп останува отворена за размена на идеи, искуства и добри практики, како и за иницирање конкретни активности што ќе придонесат за локалниот развој […]

Read more

Денеска остваривме значајна средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и г-дин Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на Република Турција.

Разговаравме за развојните капацитети на Општина Прилеп, за индустриските капацитети на општината, состојбите во прилепското стопанството, како и за потенцијалите за унапредување на досегашната соработка и можностите за нови инвестиции и обострана економска соработка и поголема трговска размена. На средбата беше присутен и Сашо Наумоски, генерален директор на компанијата „Витаминка“, како активна членка на МАТТО […]

Read more

Заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, направивме обиколка на пазарот и разговаравме директно со нашите сограѓани и со пазарџиите.

Среда, пазарен ден во Прилеп! Заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, направивме обиколка на пазарот и разговаравме директно со нашите сограѓани и со пазарџиите. Нашиот градски пазар се простира на површина од околу 5.000 м² и располага со 365 тезги, што го прави едно од најзначајните места за секојдневна трговија и социјален живот во Прилеп. […]

Read more

Кадровска промена во ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ – Прилеп и во ЈП за ПУП – Прилеп.

Во насока на унапредување на работењето и ефикасно управување со јавните институции, донесовме одлука за кадровска промена во ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ – Прилеп и во ЈП за ПУП – Прилеп. За директорка на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп е именувана Билјана Петкоска, дипломиран воспитувач, со повеќе од 20 години работно искуство во предучилишното […]

Read more

Обезбедни се средства за реконструкција на државниот студентски дом „Орде Чопела“ во Прилеп!

Ова претставува значаен чекор напред за подобрување на условите за сместување и живот на учениците и студентите во нашиот град. Со инвестиција од 4.672.878 евра, средства обезбедни од Владата на Република Македонија, се предвидува целосна обнова на објектот, замена на водоводната, електричната и топлотната инсталација, поставување фотоволтаична централа и енергетски ефикасно греење, нов систем за […]

Read more